ЈАВЕН ПОВИК за учество во проектот “Младите за мир преку филмска уметност”

Граѓанските организации “Граѓански Патеки“ и “ИКТ Свет“ објавуваат отворен повик за 10 учесници во младинскиот проект “Младите за мир преку филмската уметност”.
Повикот на македонски и албански јазик можете да го прочитате на веб страницата на Граѓански патеки на следниот ЛИНК .
Повикот е отворен за млади на возраст од 15 до 22 години. Во проектот заедно ќе работат млади од различно етничко и културно потекло. Целта на проектот е продукција на документарен филм. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на младите од различно етничко потекло за промовирање меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата преку активности засновани на уметност и
меѓукултурни иницијативи.
Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Arts Fund“).
Рок за пријавување до 19.12.2024
Пријавување на следниот ЛИНК.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.