Три возрасни личности уапсени се поради сомневање дека учествувале во сокривање на 17-годишната Лорета Норвел.
По два месеци потрага пронајдена е во орман.
Исчезнувањето на Лорета Норвел од куќата во која живеела заедно со родителите, е пријавено во средината на јануари. Семејството било проблематично, но никој не се надевал на ваков потег од Лорета.
Тинејџерката е пронајдена по точно 2 месеци, според извештајот на полицијата, со добро здравје и неповредена, а времето го поминувала во орманот на куќата на своето момче, пренесува “Daily Mail”.
Полицијата ја оптужила мајката на момчето од Лорета, Лаура Стефенс, за помагање во сокривањето и сметање во истрагата. Таа наводно ја пречекала Лорета пред куќата ноќта кога избегала и ја однела во куќата на нејзината сестра. А потоа и успешно ја сокривала 2 месеци. Уапсено од полицијата е и момчето на Лорета поради истата причина.
Ф.Г.