Ѕидар од Битола направи растур во „Никогаш не е доцна“ – жирито му порача: “Имаш срце колку целото студио” (ВИДЕО)

“Јас сум Рамов Бејхан и доаѓам од Македонија од градот Битола. Пеев на турски до 15 години, од тогаш пеам српски, само Шериф, Шабан… Ова ми е прв пат во животот, прв пат пеам на микрофон  и во едно вакво огромно студио, тоа ми беше најголема желба во животот што ја имав од мал”, изјави во интервјуто кое ги претставува натпреварувачите  45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола.

Гоца Тржан, која во ова издание седеше на масата на жирито беше фасцинирана од настапот Бејхан, па при коментирањето на неговата изведба по настапот, му се обрати со само една реченица: „Имаш душа колку целово студио… Браво“!

“Мене само не ми е јасно зошто вие не се занимавате со музика. Не е возможно во Македонија да има толку пејачи, а да нема место за еден пејач како што сте вие. Слези од таму, од утре си член во мојот бенд”, му порача воодушевено Саша Милошевиќ Маре.

Настапот на Бејхан е од 47:10.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.