Читател на нашиот портал испрати фотографии од едно од многуте непрописно паркирани возила во централното градско подрачје на Прилеп.
Возилото наликува на владините и е паркирано на пешачки премин каде не е дозволено да се паркира.
Целта на ваквите објави не е некого да се шиканира, туку да се апелира до сите возачи да ги почитуваат правилата и прописите, а со тоа да овозможат и полесно одвивање на сообраќајот како и движење на пешаците.
Во време кога бројот на автомобили е значително зголемен, а сообраќајниот хаос особено во центарот на градот им задава главоболки на сите, потребно е сите да апелираме и да го ублажиме проблемот.