Тој вас ве сака најмногу на свет и вие знаете дека никогаш не би ве повредил. Но, да речеме дека постои друго сценарио и да се најдете во слична ситуација – еве со каква жена би се случило тоа.
ОВЕН
Ако вашиот сексуален живот станал рутина многу е веројатно дека ќе ве изневери. И тоа со онаа на која им е повеќе до соблекување отколку до емоции. Мажите во овој знак се авантуристи и не сакаат жени кои прво мислат на себе, па потоа на нив. Во тој случај бидете сигурно дека веќе бара друга.
БИК
Овој знак сака да се чувствува сигурно, а ако партнерката тоа не му го дава во моментот ќе почне да бара друга. Нејзиниот изглед или темперамент нема да биде толку важен, колку тоа како тој се чувствува со неа.
БЛИЗНАЦИ
Тој сака да проба се, па ако вам ве изневерува Близнак тоа може да се случи со која било женска личност. Тој нема свој тип, им се допаѓаат сите жени. Да, мажите во овој знак се женкари.
РАК
Овој знак тешко ќе се одлучи на неверство, но ако тоа го направи, ќе ја најде онаа која ќе му биде рамо за плачење. Ракот не изневерува физички, туку емоционално.
ЛАВ
Тој е многу добар во тоа да направи разлика од тоа што е љубов, а што секс. Тоа значи дека ако изневерува ќе бараа онаа која е ОК со тоа да имаат само сексуална врска на страна. Често сакаат да посетуваат проститутки и мислат оти тоа е нормално.
ДЕВИЦА
Тоа е главно моногамен тип и потребно е многу за да изневери. Ако тоа се случи, ќе биде жена која ќе го подигне неговото его и ќе го натера да се чувствува ценет. Таа можеби не е најубава во светот, но таа ќе биде атрактивна и над сите – совршена, што ќе направи измамената жена да чувствува поголема болка.
ВАГА
Тој сака да им покаже на другите колку е фанстастичен, а ќе ве изневери со некоја која е како него – забавна и шармантна.
Шкорпија
Иако Шкорпиите се многу сексуални, исто така се и строги моногамисти. Единствен проблем може да биде кога партнерката не е сексуално активна како него. Генерално, Шкорпиите мажи нема да изневеруваат, туку ќе ја прекинат врската. Ако изневери, тоа најчесто е само заради сексот.
СТРЕЛЕЦ
Потребно е многу време за Стрелецот да се поврзе со некоја личност. Затоа тој сака да менува партнери и спотнано да влегува во врски. Ако ве изневери, тоа ќе биде зашто некоја го фатила во вистински момент, некоја жена со авантуристички и забавен дух, слична на нему. Но, ниту нему, ниту неа тоа нема ништо да им значи.
ЈАРЕЦ
Од сите знакови, Јарецот е последен кој би изневерил. Меѓутоа, ако партнерката го изневери него, голема е веројатноста да се одмазди. И тоа со жена која е ваша потполна спротивност – блесава и смешна, без банкарска книшка.
ВОДОЛИЈА
Мажот во овој знак не е посесивен и на партнерките им даваат слобода во врската. Но, како и Јарецот – ако некој го изневери, многу е голема веројатноста дека ќе се одмазди. Тој сака едноставни и необични жени, па таква и ќе избере – некоја која се издвојува од масата луѓе.
РИБИ
Овој знак не сака да изневерува, но ако почувствува дека парнерката не е задоволна од него, ќе отиде кај таа која прави да се почувствува посакуван. Најчесто тоа е некоја жена од светот на уметноста чиј живот е исполнет, но сепак му обрнува внимание и покажува колку го сака.