Ѕвездата на Интер денеска е најголем херој во Македонија: Донираше 3.000 евра за опepaциja на девојка од Скопје

Стаменка Менче Трповска e девојка од Скопје на која после опepaциjaта на колкот минатата година и се појавиле несакани компликации, па сега мора одново да оди на опepaциja во Белград. На Стаменка за овој зафат и беа потребни 3.000 евра, за кои таа побара помош од сите хумани граѓани.

Веста за девојката од Скопје веднаш се прошири на социјалните мрежи, па беше објавена и на фан страната Inter Tifosi Balkan.

Aдминистраторите на фан страната побараа помош од сите хумани навивачи на Интер да донираат кој колку може, а тогаш се случи чудо.

Веста ја забележа ѕвездата на Интер и репрезентативец на Хрватска, Марцело Брозовиќ.

Брозовиќ донираше 3.000 евра, па денеска стана херој во цела Македонија.

“За неполн час, се појави еден господин. Господин кој не следи на сите социјални мрежи каде се појавуваме, но и господин кој и ние го следиме во секој чекор и со кој редовно комуницираме!

Стаменка Менче Трпковска (26), Македонката која има големи здравствени проблеми со колковите, после извесно време од првата успешна операција и’ се појавиле компликации, па девојката е речиси неподвижна. Решението е постоперациски третман кој мора да го направи. За жал како и секогаш во овие и слични ситуации, потребна е финансиска помош, а тоа ќе го добие!

Денеска, еден од нејзините најголеми пријатели е Марсело Брозовиќ. После неполн час од нашата објава во која молиме сите да помогнат, Марсело ни се јави и приватно не информира дека извршил уплата од 3.000 евра.

Не знаеме како сето ова да ви го опишеме, емоциите не преплавија, оставени сме без текст.

Голем си Марсело, како и што знаевме, а ти Стаменка, сета среќа и здравје на овој свет ти ја посакуваме”, напишаа администраторите од Фејсбук фан страната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.