Ѓорѓиевски: Нека видат сите како тече една „хуманитарна“ акција на Заевци, уште не за долго (ВИДЕО)

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук обвинува за класичен поткуп од страна на Заев.

-Велат од СДСМ помагале. А од кога тоа се прави хуманитарна акција со тетратка и пенкало во рака?
Еве почитувани како изгледа помошта- поткуп што ја дели СДСМ секаде низ Македонија. Класичен поткуп од страна на Заев. Се води евиденција кој колку и како земал. Па ако беше хуманитарна помош, немаше ранливите категории да ги запишувате кој колку земал или на кој колку му следи. Ова значи класична злоупотреба и поигрување со тешката судбина на овие луѓе. Не им помагаат со тоа што ќе доделат брашно и зејтин, но ќе им помогнат ако отворат нови работни места. Нека видат сите како тече една „хуманитарна“ акција на Заевци, уште не за долго, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.