Еден од потенцијалните кандидати за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влато Ѓорчев, вечерва пред прилепчани ја претстави својата визија за државата и ја побара поддршката од делегатите на партиската Конвенција која ќе се одржи на 16 февруари во Струга.
“Срцето ми е исполнето како преполн штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп”, со овие зборови Ѓорчев го започна својот говор пред прилепчани од кои беше награден со голем број аплаузи.
Тој потенцираше дека на партијата и треба партиски кандидат кој ги поминал сите филтри и секогаш бил на страната на народот и државата.
Пред исполнетиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Ѓорчев ги спомна сите негови победи како носител на пратенички листи во изборните единици и им вети дека доколку стане кандидат за претседател, како што рече “ќе ја преора цела Македонија, до последно населено место”.
Toj ја истакна својата поддршка за претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и рече дека секогаш ја има неговата поддршка и дека Мицкоски е идниот премиер на државата.