Ѓорчев: “Националните амблеми од дресовите, униформите на АРМ и МВР, со ножици или пили ќе ги корнете??” (ВИДЕО)

Денеска во Собранието се одржува 64-та седница на која се дискутира за утврдување на нацртите на амадманите за промена на Уставот на државата.

Жестоки критики од собраниската говорница упатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.

“Кога ќе дојде моментот, кога ќе чукне часот да ги вадите таблите од македонските училиштата каде што пишува Република Македонија? Кога ќе дојде времето да ги вадите таблите каде што пишува Република Македонија на македонските универзитети и факултети? Кога ќе дојде времето, дали со бонсек или со чекан, ќе го вадите оној натпис каде што пишува Влада на Република Македонија?”, порача меѓудругото Ѓорчев.

Неговиот целосен говор погледнете го во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.