Шумската полиција во Прилеп продолжува со засилени контроли на терен и спречување на бесправна сеча и транспорт на дрва.
На 18.07.2025 година, на место викано Дервен, беа пронајдени и одземени 3 просторни метри дабови дрва.
Сношти, на 21.07.2025 во 22:30 часот, во селото Секирци, oпштина Долнени, беше затекнато лице како бесправно превезува 5 просторни метри зелени букови огревни дрва со товарно моторно возило марка ТАМ. Возилото и дрвата се одземени од страна на шумската полиција, а против лицето е поднесена соодветна пријава.
Шумската полиција апелира до граѓаните да се воздржат од незаконски активности, особено во време на висока опасност од пожари, и ги охрабрува сите да пријавуваат сомнителни движења и активности во шумските подрачја.