Македонската женска фудбалска репрезентација доцна синоќа во Орлеан претрпе убедлив пораз од домаќинот Франција со 11:0 (полувреме 5:0).
Ова беше седми натпревар за избраничките на селекторот Кирил Изов во квалификациите за пласман на Европското првенство.
„Црвено-жолтите“ по седум натпревари во Г-групата имаат три бода и се на претпоследното, 5 .место.
Високите порази кога е во прашање македонската женска репрезентација за жал не се ништо ново, а тоа му беше познато на овој прилепчанец, кој во пресрет на натпреварот искоментира:
“До 10 ако примиме се јади некако… ама ако примиме 11, значи 10-от гол психички не турнал”.
Да ја пишеше точен резултат денеска веројатно ќе затвореше некоја обложувалница.
Секоја чест мајсторе!