Колку и да звучи грубо насловот, но така е… што се диши и троши кислород околку нас…
Украдена кутија за донации наменети за нашиот сограѓанин Гоце Илиески, возачот од брза помош кој се бopи за живот поради кopoнавиpycoт.
Кутијата на плоштадот во Прилеп ја поставиле дуќанџиите, со намера да му помогнат на Гоце и неговото семејство.
Вечерва во 19:00 часот лице со веспа ја украло кутијата, пишува еден од сопствениците на дуќани во чаршијата.
Случката е пријавена во полициja и се проверуваат камерите од дуќаните.