Што се случува со нашата младина: 20-годишна девојка украла детска количка со ранец, пари и документи

На 15.07.2023 во 17.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска“ од Ф.Ј.(44) од Република Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи, пари и други предмети.

Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.