Летото е во полн ек, а најмалите во Прилеп се’ уште го чекаат вовчето на кое со години му се радуваа и уживаа во возењето низ градските улици со своите родители, баби, дедовци…
Никој засега не знае што се случи со туристичкото вовче и дали воопшто ќе сообраќа летово.
Најмалите се надеваат дека ќе го слушнат среќното ѕвонче пред “Реклами” и ќе потрчаат за да фатат место.
Минатата година вовчето почна да сообраќа од 04. јули, а работното време му беше од 17 до 22 часот, секој работен ден.