Што се случи откако Шведска воведе работен ден од шест часа?

ofise-650x396

Објавената студија потврди нешто за што се дебатира со години – пократкиот работен ден не е само подобар за нашето здравје, туку не прави и попродуктивни.

Шведската влада минатата година се одлучи да гo финансира старечкиот дом „Свартелдаленс“ за во истиот да спроведе експеримент во рамките на кои медицинските сестри работеле по шест часа дневно.

Идејата била тие да се споредат со сестрите кои работат стандардна смена во слично опкружување.

Еден од начините на кои истражувачите ја мереле продуктивноста било споредувањето на квалитетот на негата кои сестрите го овозможувале.

Резултатите покажале дека повеќето медицински сестри кои работеле шест часа дневно биле попродуктивни во споредба со оние кои работеле подолги смени.

Деталите покажуваат дека 68 медицински сестри кои работеле пократки смени земале скоро двојно помалку денови за боледување и дека речиси за три пати биле помали шансите во периодот од две недели да земат слободен ден.

И не само тоа, сестри кои работеле пократко работно време биле многу посреќни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.