Кога ќе се спомне името Марјан Ристески, веднаш се будат спомени за златната ера на Прилеп. Како поранешен градоначалник, Ристески остана запаметен како визионер, лидер и човек кој несебично се залагаше за доброто на својот град и граѓаните. Со својата работа, иницијативи и храбри одлуки, тој постави нови стандарди во локалната самоуправа – не само во Прилеп, туку и на ниво на цела Македонија.
Неговите големи и долгорочни планови за развој на Прилеп, модернизација на инфраструктурата, поддршка за младите, културата и економскиот напредок остануваат запишани како пример за тоа како се води еден град.
Разгледувајќи ги плановите од 2017година, наидовме на еден куп одлично испланирани проекти кои и ден денес чекаат да го видат светлото на денот. Визијата на Ристески и тогашната локална самоуправа за градот под Марковите Кули се чини била широка. Се планирале паркови и инфраструктурни објекти во сите населби, па во продолжение ви пренесуваме дел од нив и прашуваме за ваше мислење – Дали после локалните избори годинава, прилепчани можат да се надеваат на реализација на овие проекти?
Изградба на модерен парк со фонтани, игралишта и пешачки патеки кај зградите во населбата “Бончејца”
Изградба на парк и уредување на простор во населбата “Варош”
Mузички парк во Врбеско маало
Парк за домашни миленици на Могила
Градска порта кај турската бања
Пешачки мост отспроти црквата Св. Преображение
Уредување на коритото на Градската Река
Ова се само мал дел од проектите кои ќе беа реализирани и денеска ќе го разубавуваа Прилеп. Секако денес приликите се променети, можеби и приоритетите, но факт е дека на Прилеп му недостигаат нови содржини.