Прво се случи “Брегзит”, а потоа и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Сега, во европските држави во низа доаѓаат избори на кои “испливаа” многу харизматични, но и популистички лидери кои добиваат се поголема поддршка кај граѓаните. Овие луѓе можат озбилно да ја променат состојбата на Европа.
Холандија – Грити Вилдерс, моментално му се суди поради поттикнување на расна омраза во говорот од 2014 година. На овој говор тој истакнал дека има голем број на мигранти од Мароко во неговата земја. Загрижениот евроскептик се противи на новите џамии, а во 2009 година привремено му е забранет влезот во Велика Британија. Сепак неговата партија ужива се поголема поддршка и популарноста и расте.
Србија – Воислав Шешељ, лидер на Српската радикална партија, најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2017 година. Неговата антиевропска и проруска партија освои 22 пратенички места на претходните избори. Сега се подготвува за претседател. Го поддржува Трамп, за кој вели дека е “противтежа на глобализацијата”.
Франција – Марин Ле Пен, претседателката на “Француската десничарска национална партија”, беше воодушевена од изборот на Трамп, а во разговор за BBC изјави дека ќе се кандидира за претседател на Франција. Според моменталната популарност која ја ужива меѓу граѓаните, повеќе од сигурно е дека ќе влезе во последниот круг на изборите. Таа најави дека доколку стане претседател ќе организира референдум за излегување од ЕУ.
Германија – Политиката на “отворени врати” на Ангела Меркел доведе до зголемување на рејтингот на Фрауке Петри, која е член на партијата Алтернатива за Германија. Според анкетите ова е трета политичка сила во Германија. Оваа партија сака да ги забрани бурките и да ги лимитира барањата за азил на 200.000 годишно. Оваа членка тврди дека полицијата би требало да има право да пука по мигрантите на геманската граница и смета дека Исламот не е во согласност со уредувањето на Германија.
Австрија – Евроскептикот Норберт Хофер се подготвува за освојување на претседателската позиција. Хофер е љубител на оружјето и секогаш носи со себе пиштол. Тој пропагира анти-имигрантска политика и смета дека Исламот нема што да бара во Австрија. Тој исто така се противи и на геј-браковите.
Италија – Бепе Гриљо тврди дека победата на Трамп претставува крај на една епоха. Поранешниот забавувач и неговите поддржувачи успеаа во 7 години да станат најсилна опозиција во Италија. Тој се противи на реформите на Рензи, и вети референдум кој Италија ќе ја извади од еврозоната.
Извор: index.hr