Британката Аметист Реалм се верила со еден дух од Австралија. Таа го известила светот на живите дека планира голема свадба со својот одамна починат избраник, но и бебе.
Инаку, врските со духови не ѝ се непознати, бидејќи 30-годишната Реалм тврди дека имала секс со повеќе од 20 духови.
Аметист раскажала дека од раната младост имала сексуални односи со најмалку 20 духови, но не била во потрага по сериозна врска кога заминала за Австралија на деловен пат.
Сепак, се’ се променило кога во текот на една прошетка таа имала контакт со непозната инкарнација и почувствувала емоции како никогаш претходно.
30-годишната Британка сепак не верувала дека нивната врска би можела да прерасне во нешто посериозно бидејќи духовите обично остануваат на едно место, но по враќањето во авионот таа го почувствувала присуството на својот љубовник кој сепак решил да остане со неа.
“Не можев да поверувам. Бев многу среќна и возбудена. Толку возбудена што го посетивме и тоалетот во авионот… сега сум член на клубот “Mile High”, раскажала Аметист со насмевка на лицето, алудирајќи на тоа дека таа и нејзиниот партнер имале секс во авионскиот тоалет.
Ова се случило пред девет месеци, а минатата недела следувала и паранормална веридба.
“Тој не клекна на колена пред мене – тој нема колена. Но, прв пат го слушнав како зборува. Можев да го чујам неговиот глас и тоа беше прекрасно. Длабоко, секси, вистински”, додала Реалм.
Парот моментално бира прстен, а Аметист вели дека нејзиниот вереник ќе одлучи каков ќе биде. Планираат и голема паганска свадба, а потоа и бебе.
„Енергијата на духовите е поженствена отколку кај живите мажи. Кога водите љубов со дух, пол не постои.
Духовите љубовници се посензуални отколку живите “фраери”. Со нив се врзувате подлабоко, затоа што сексот го надминува физичкиот контакт.
Тоа не е како обичниот секс. Секако, главната разлика е во тоа што јас него не го гледам”, заклучила Аметист.