Актерот од Битола, Никола Пројчевски така речено ни ги “отвори очите” за што се’ има Прилеп, а понекогаш не сме свесни и не доволно цениме. На прашањето на социјалните мрежи: “Дали Прилеп е на маргините во сите области на општественото живеење?”, Пројчевски кој за прилепчани е добро познат и како одличен водител и шоумен на кабаре програмата во “Голд Фелиција”, имаше да изнакаже еден куп убави работи за Прилеп и прилепчани.
-Јас како битолчанец искрено го сакам Прилеп! Мислам дека е единствениот град во државава во кој кога одам се осеќам исто како дома!
Прилеп има многу убава чаршија… има многу убави “меанчиња” со преубава скара … И секогаш кафе кога сум пиел не сум наишол на нељубезен келнер-да кажиме 😁!!!
Си одиме и ние битолчани во четвртоци по намалената спортска облека и обувки а на лето Салида во “аква парк”…
Не е се така црно…
Прилеп е и мој…и наш град…Оти? Оти таму пукна првата пушка, таму се могилата на непобедените, таму е театарскиот фестивал ” Војдан Чернодрински”, таму се Маркови Кули, таму се прави пивото кое го пиеме и во Битола и “Стоби Флипс” за замезување уз пивото!!!
Ај малку пред да почнеме да погребуваме /закопуваме нешто, прво да пробаме да го реанимираме- задржиме во живот!
П.С Во Прилеп на прилепчани им е подеднакво исто чувството како на секој македонски граѓанин за својот град!
На Никола му благодариме за убавите зборови, а вам прилепчани нека овие зборови ви бидат водилка дека не е се’ во шопинг пазарување во недела во трговски центар.

























