ШТО ДОБИ ПРИЛЕП СО ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ

grujo

Во средата на 02.12.2015г., Општина Прилеп беше посетена од Премиерот Никола Груевски и владиниот тим, меѓу кој беа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на технолошко индустриските зони Виктор Мизо, тимот за привлекување на странски инвестиции, предводен од Алек Никовски, човек директно заслужен за доведување на гигантот Гентерм во Прилеп.

Прилепчани знаат во изминатите години дека доаѓањето на Премиерот секогаш носи низа благодети за нив и значи ново осовременување и напредок на градот, како и подобрување на животот во општината.

Па така овој пат Премиерот имаше голема агенда на настани и активности што го одбележаа декемврискиот сончев ден.

Во населбата Точила беше отворена новата социјална зграда каде 76 социјално загрозени семејства ќе го најдат својот топол дом и покрив над глава. Овој проект на Владата кој се реализира ширум државата, значи остварување на сонот, кој значи подобри денови за овие лица, подобра иднина и сигурност. Проектот е вреден 1.7 милиони евра, а според надлежните становите ќе бидат распределени во текот на идната недела. Посакуваме и се надеваме дека овие домови ќе донесат насмевки и мотив плус за сите нивни станари.

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-18

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-1

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-13

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-16

Наредната дестинација на Премиерот беше во средното општинско училиште “Кузман Јосифоски – Питу”, каде свечено во присуство и на градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, како и пред стотици граѓани, Претседателот на Владата имаше чест да ја пушти во употреба третата изградена спортска сала во Прилеп. Овие спортски објекти кои се покажаа како доста ефикасни и се опремени со секакви реквизити и спортска опрема, донесоја напредок на спортот во градот. Па така локалните спортски клубови во ракомет, кошарка, мал фудбал, и.т.н. постојано напредуваат и имаат прекрасни услови за тренинзи и натпревари. Инвестицијата на Владата е 24 милиони денари или до сега во Прилеп 72 милиони денари во спортски сали, а во изградба е иста таква во основното училиште “Добре Јованоски”.

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-24

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-15

Во населеното место Беровци, беше пуштено во употреба монтажно училиште, што ќе обезбеди современи услови за изведување на настава на учениците од ова место и ќе значи грижа помалце за родителите, бидејќи до сега децата ги праќаа во Крушево и Прилеп. Градоначалникот Марјан Ристески потенцира дека останува да се изгради и игралиште во училиштето и да се уреди дворот. Вакви училишта веќе има во населените места Чепигово и Галичани. Граѓаните беа среќни и задоволни и добија ветување дека наредно ќе биде отворена и градинка во нивното место и тоа во старата училишна зграда, која е уредена и адаптирана за настава од предшколска возраст.

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-34

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-36

Делегацијата предводена од Премиерот Никола Груевски, заедно со градоначалникот Марјан Ристески, присуствуваа и се подружија со децата од Спортската академија во фудбал на новиот стадион во населбата со типски куќи во Прилеп. Во овој дел од градот беше изграден стадион со вештачка треба, кој ги исполнува сите стандарди на ФИФА и служи децата од академијата да ги имаат потребните услови за развој и напредување. Тука исто така беше донирана опрема од страна на Фудбалската федерација на Македонија, составена од 24 комплета, спортска опрема, како и фудбалски топки.

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-2

5897-otvorena-nova-sportska-sala-i-montazno-ucilishte-vo-berovci-960x600-12

Премиерот Груевски, градоначалникот Ристески и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, беа и во посета на манастрискиот комплекс “Св. Архангел Михаил” во населбата Варош во Прилеп. Манастирот датира од 10 век , и е од непроценлива вредност како за Прилеп така и за Македонија. Владата инвестира во изградба на нов конак во манастирот во вредност ов 18,5 милиони денари, од кои 14 милиони за објектот и 4,5 милиони денари за ентериерот на истиот. Прилепчани се горди на ова монументално светилиште и се редовни посетители.

5901-poseta-na-manastirskiot-kompleks-sveti-arhangel-mihail-960x600-8

????????????????????????????????????

5901-poseta-na-manastirskiot-kompleks-sveti-arhangel-mihail-960x600-4

На крајот, би рекле како шлаг на тортата, беа отпочнати активностите околу активирање на фабриката на гигантот од автомобилскиот сектор Гентерм, во технолошко индустриската зона Алинци во Прилеп. Прилепчани имаа несекојдневна можност да присуствуваат на еден огромен комплекс, градилиште кое до сега не е видено во градот. Индустриската зона се подготвува инфраструктурно и е во завршна фаза. Се асвалтираат улиците и се уредуваат парцелите. На една од тие парцели на површина од 38 000м2 ќе се простира и фабриката на американскиот Гентерм, која ќе значи директно вработување на 2000 лица од Прилеп и регионот и на стотици индиректни вработувања. На оваа локација пред точно три години, Премиерот Груевски и Владата ја отпочнаја изградбата на оваа зона, минатата година беше објавено дека фабриката Гентерм донесе одлука за градење на своја фабрика во Прилеп, а оваа година веќе е изграден првиот погон на истата и се реализирани првите вработувања. Фабриката се очекува да отпочни со производство во март наредната година, и постојано ќе ги надоградува своите капацитети. Ова е историски момент за Прилеп, момент кој ќе значи нова перспектива за напредок и економско возобновување на градот. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра. Премиерот го најави влегувањето и на уште една компанија од автомобилскиот сектор во зоната, а тоа е германската компанијата Акопласт, која веќе има регистрирано своја фирма во Македонија, и од наредната година ќе биде нов сосед на Гентерм.

Од страна на вицепремиерот и министер за финансии беше потенцирано дека пред новогодишните празници започнува со изградба и експресниот пат Прилеп- Градско, што ќе го реши едно од најгорливите прашања околу поврзувањето на Прилеп со главниот град, како и ќе значи далеку полесен проток на стока и патници.

5898-novi-2.000-vrabotuvanja-so-otvoranjeto-na-genterm-vo-prilep-960x600-13

Во текот на целата посета на Прилеп, Премиерот говореше дека огромна заслуга во сето ова и сето она што наскоро ќе следува за градот, имаат градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески и пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска.

Посакуваме уште многу вакви светли моменти во историјата на модерен Прилеп и се надеваме дека со овие политики на Владата и проектите во новата програма, Прилеп уште повеќе ќе расти и ќе се развива.

 

 

Автор:

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.