Штипјанец сред бел ден шета со оружје и стрела животни, соседите преплашени (ВИДЕО)

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела во животни за да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии – објави здружението за заштита на животните Анима Мунди на својот профил на Фејсбук, заедно со куса снимка што ја добило од граѓани.

-До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара? Или во насилството врз животните ќе препознаеме девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност, но за и безбедноста на своите миленици. Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителите, побара Анима Мунди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.