Вечерва со почерок од 19.30 часот, Гала премиера на филмот ,,Ругање со Христос, во големата сала на Центарот за култура “Ацо Шопов” во Штип.
Штип и штипјани први се одважија и ќе можат да го гледат во висока резолуција филмот кој предизвика
бранувања, контроверзи и забрани!
На премиерата ќе присуствува и дел од актерската екипа како и дел од креативниот тим заедно со режисерот
Јани Бојаџи.
После премиерата предвидени се прашања и разговори меѓу актерите, режисерот и присутната публика.
Филмот на Јани Бојаџи предизвика огромен интерес и во Прилеп, па прилепчани со нетрпение го очекуваат во киното “Мис Стон”.