Штип добива два грандиозни проекти со англиски пари

Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра.

Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.