Новинарот од Прилеп и дописник за “СИТЕЛ ТВ”, Дарко Штаргоски преку јавна објава на својот ФБ профил реагираше до надлежните за состојбата во која се наоѓа плоштадот “Александрија” и фонтаната во центарот на градот.
-Фонтанава окрш невиден! Далеку од тоа дека е нешто посебно реконструирана, катастрофа жива. Плоштадов Александрија во комплетен мрак, ниту една канделабра не функционира, не свети ниту фонтаната. Да не се ламбите од Комерцијална нема да се гледа каде човек поминува. Ова на се личи, само не на најстрог центар на Прилеп. Станавме ко село, Прилеп заслужува многу повеќе – напиша Штаргоски.