Следниот понеделник и официјално ќе го дознаеме добитникот на наградата „Златна топка“ за која се номинирани Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман.
Утрово шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пишува дека победникот веќе е познат и дека Реал Мадрид и Кристијано Роналдо добиле информација дека токму Португалецот е освојувач на оваа награда.
Овогодишната церемонија ќе се одржи во Париз, а не во Цирих како што беше во последните години, заради прекинатата соработка меѓу ФИФА и „Франс фудбал“.