Шпански туристи се пожалиле на лошата храна: Сопственикот на ресторанот во Албанија им приредил вистински xopop (ВИДЕО)

Сопственик на ресторан во Албанија бил фатен од камерите како им се заканува и им го крши автомобилот на турсти од Шпанија. Тој се обидел да ја отвори вратата од автомобилот во кој биле туристите со намера да ги тепа. Кога не успеал во тоа почнал да ја крши шофершајбната од возилото.

Како што пишуваат медиумите во Албанија, газдата бил бесен што туристите не биле задоволни од храната и одбиле да ја платат.

Работата отишла дотаму што министерот за туризам на Албанија морал да им се извинува на туристите и да ги прими во кабинетот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.