Поради протест на возачите, денеска нема да сообраќа ниту една линија од јавниот градски превоз во Прилеп, информираат кусо на социјалните мрежи од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е јавниот автобуски превоз во градот.
Од ЈП за ПУП нема информација дали прекинот ќе трае само денеска, или ќе продолжи и во наредните денови.
























