Шоу за паметење во Истанбул: Галатасарај ги претстави зacилувањата, а вистинска epупција настана за Фалкао (ВИДЕО)

Екипата на Галатасарај, актуелниот првак на Турција, направи одлична работа во летниот преоден рок.

За само девет милиони евра успеаа да доведат дури 14 играчи, а дефинитивно најзвучно засилување на турската екипа е Колумбиецот, Радамел Фалкао.

Искусниот напаѓач стигна од Монако бесплатно, а освен него стигнаа уште и Рајан Бабел, Џими Дурмаз, Стивен Нзонзи, Флорин Андоне, Адем Бујук, Сенер Озбајракли, Окан Кочук, Жан Михаел Сери, Кристиан Линдама, Емре Мор и Марио Лемина.

Синоќа во Истанбул беше приредено свечено претставување на засилувањата.

Трибините на стадионот “Турк Телеком” беа иполнети како да се игра градско дерби, а ерупција од воодушевување настана кога спикерот го најави токму Фалкао.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.