Експертите кои се обидуваат да ја утврдат причината за исчезнувањето на МХ370 (малезискиот авион), веруваат дека за трагедијата е одговорен пилотот, кој планирал масовно убиство на 239 патници и членови на екипажот.
Група на експерти кои го истражуваат исчезнувањето на авионот од компанијата “Малезија Ерлајнс”, кој леташе од Куала Лумпур до Пекинг, се сложија околу причината за исчезнувањето.
Лери Венс, поранешен истражувач на канадската владина агенција за сообраќај и безбедност (ТСБ), изјави дека е сигурен во она што го тврди:
Boeing 777 pilot Simon Hardy has reconstructed Captain Zaharie Amad Shah’s actual flight. He says the Captain avoided detection by Malaysian and Thai military radar by flying along the border, crossing in and out of each country’s airspace. #60Mins. pic.twitter.com/uO3dtPlF1j
— 60 Minutes Australia (@60Mins) May 13, 2018
“Мислам дека јавноста може да се утеши со фактот дека експертите се сложија за тоа што се случило во авионот во последните моменти”.
Голем број на експерти веруваат дека пилотот Захари Ахмед Шах е одговорен за трагедијата.
“Сакал да се убие себе, но и сите останати кои биле во авионот. Го направил тоа со намера, а авионот го одвел на најнепристапно место, така што би било многу тешко за да се пронајде”, вели Венс.