Шокантна исповед на преживеаниот фудбалер Алан Рушел: Го сменив местото во авионот кратко време пред да се урне

Тешко повредениот фудбалер Алан Рушел веќе почнал да комуницира без проблеми со докторите, како и со неговите најблиски кои веднаш отпатувале за Колумбија. Рушел вели дека Господ три пати му го спасувал животот.

 

3ad9c8ae00000578-0-defender_alan_ruschel_pictured_on_a_stretcher_and_goalkeeper_dan-a-131_1480439587443

„Господ три пати ми го спасува животот и јас сум бескрајно благодарен поради тоа. Првиот пат беше со тешката сообраќајна несреќа што ја имав пред неколку години. Останатите два се однесуваат на авионската несреќа, едната бидејќи го сменив седиштето на авионот кратко време пред да се урне, а втората бидејќи бев прв пронајден во урнатините, со што ми беа зголемени шансите да преживеам“ – говорел Рушел во клиниката, пренесуваат неколку јужноамерикански медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.