Наставниците и врсниците на Ким Џонг- Ун откриле каков бил лидерот на Северна Кореја како дете – продорен, темпераментен, арогантен, алчен, насилен, експлозивен и склон да падне година.
Ким одел во елитното училиште “Либефелд Стајнхелли” во Швајцарија, во близина на Берн, од 1998 до 2000 година. Според неговите соученици и наставници, Ким бил темпераментен, не можел да изгуби, и верувал дека е над другите деца, вклучувајќи го и неговиот постар брат, Џим Џонг- Чу.
„Ким беше полн со изливи на бес и насилство, бараше робови од страната на другите деца. Имаше две момчиња покрај себе и често ги тепаше и удираше„ вели извор, додавајќи сека севернокорејскиот лидер не бил добар ученик, бидејќи вниманието му било насочено на друга страна.
Ким е средното, од трите деца, а како таков не бил кандидат за наследник на Династија, но неговите доминатни карактеристики го направиле да стане лидер.