Син на пратеничка на СДСМ Татјана Прентовиќ е добитник на наградата што градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја измисли за да ги анимира граѓаните – oбјави “Еxpres.mk”.
Не се точни информациите дека тој самиот ја добил наградата како што се пишува на социјалните мрежи, парите овој пат отишле кај негова партиска другарка.
“Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или миленици #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi”, пишува на Твитер профилот на Град Скопје.
Петар Прентовиќ инаку син на пратеничката на СДСМ Татјана е првиот кој ја доби наградата на градот Скопје.
Кои се другите кандидати за наградата градот засега не објавува.
Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или миленици #СкопјеДома #ShkupiNëShtëpi pic.twitter.com/szejthTN9O
— Град Скопје (@CityofSkopje) March 21, 2020
Извор: “Експрес.мк”