Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов, на својот фејсубк профил потврди дека е позитивен на новиот кopoна виpyc.
“Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Koвид 19.
Искрено се надевам дека виpycoт го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од xocпитализорање.
Ова е доказ дека виpycoт не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.
Чувајте се и чувајте ги другите околу вас”, напиша скопскиот градоначалник.