Шилегов за грчки “Етнос”: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во изјава за грчкиот весник „Етнос.гр“, зборува за отстранувањето на галиите од Вардар, но и за отстранувањето на споменици.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата, вели Шилегов.

Коментирајќи го одложувањето на отстранувањето на спомениците од централниот плоштад во Скопје и околу Вардар, Шилегов објаснува дека тоа не е во надлежност на град Скопје, туку на општина Центар.

“Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад и ја охрабрувам општина Центар да продолжи со отстранување на овие елементи, но тоа не е нешто што можам да наредам, затоа што не припаѓа во моја надлежност. Нема потреба од овие градби во центарот на градот. Тие не се дел од нашата традиција, нашата култура. Нема смисла да бидат тука. Тие се бескорисни”, вели Шилегов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.