Поранешниот репрезентативец Перо Антиќ размислува да му ги испрати сметките за препарати против комарци на градскиот татко Петре Шилегов. Антиќ, кој има 36 години, и е татко на тројца синови, одговорно тврди дека олку комарци во главниот град, никогаш во неговиот живот немало.
Сакајќи да го избере најдоброто средство за прскање против комарци, Шилегов го промаши летото. Веќе е средина на август, а Град Скопје најави дека утре ќе прска дури вторпат.
Извор: “Република”