Mинистерката за одбарана Радмила Шекеринска на својот Твитер профил напиша дека е објавен конкурс за обука на воени пилоти и ги покани заинтересираните кандидати да аплицираат.
“Започнете го вашиот пат во една од највозбудливите професии! Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти. Меѓу другите погодности, го зголемивме износот на месечниот надомест во време на обуката, и тоа од 4.000 на 25.000 денари”, напиша Шекеринска.
Започнете го вашиот пат во една од највозбудливите професии! Отворен е конкурсот за обука за воени пилоти. Меѓу другите погодности, го зголемивме износот на месечниот надомест во време на обуката, и тоа од 4.000 на 25.000 денари.
Повеќе за конкурсот: https://t.co/V5BDWkkjHT
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) October 17, 2019