Шешељ за референдумот во Македонија: “Победи јуначкиот македонски народ, повеќе нема да ја оспорувам македонската нација”

Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ при гостувањето во емисијата на Миломир Мариќ го кажа својот став за пропаднатиот референдум за промена на името во Македонија.

“Победи јуначкиот македонски народ, покажа колкава му е гордоста, достоинството, националната свест…Никогаш повеќе нема да ја оспорувам македонската нација. Ние Србите на светот немаме етнички поблизок народ од Македонците”, рече Шешељ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.