Шефот на паравоената група “Вагнер” ќе се кандидира за претседател на Украина: Пригожин не ги крие неговите политички амбиции

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека има намера да се кандидира за претседател на Украина во 2024 година.

– Гледајќи сè околу мене, имам политички амбиции. Одлучив да се кандидирам за претседател во 2024. За претседател на Украина – изјави Пригожин во видеото објавено на Телеграм.

Тој додаде дека очекува да се натпреварува за оваа позиција со поранешниот претседател Петро Порошенко и актуелниот претседател Володимир Зеленски.

– Ако победам на претседателските избори во Украина, момци, тогаш се ќе биде во ред, нема да бидат потребни гранати – рече тој.

Зборувајќи за човечките загуби, Пригожин нагласи дека „борците во вojна умиpaaт во секој случај, вojната е измислена за една вojска да ybива друга“. Тој ги негираше обвинувањата дека соработувал со украинските власти и дека „поради пари и укинувањето на санкциите“ ќе ја напушти борбената зона „во вистински момент“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.