Tие се лидери во Прилеп и целиот регион за стекнување со возачка дозвола.
Авто школа “Семафор НОВА” го има без конкуренција најдобриот тим кој ќе ви овозможи брзо и лесно да научите да ги почитувате сообраќајните правила и прописи и да управувате со моторни возила.
Нови и удобни возила, единствени во Прилеп со свој модерен полигон за вежбање и полагање, обуки за А, А1, А2 и АМ категорија со нови и супер модерни мотори, сопствено возило за полагање Ц категорија, одлични услови за теоретска обука и загарантирано знаење за полагање тестови…
Ова се само мал дел од придобивките во Семафор, но сето ова ќе биде залудно без нивните трпеливи, внимателни и пред се искусни инструктори.
Без да ни се налути машкиот дел од тимот, кои патем се вистински џентлмени и професионалци во професијата и работата, ќе ги пофалиме припадничките на понежниот пол.
Ги има шест на број и успеаја да ги срушат сите стереотипи и табуа за така наречените машки професии. Добиваат само пофалби од нивните ученици и со сигурност може да кажеме дека се подобри и од многу припадници на посилниот пол.
Низ нивните раце поминале стотици и стотици млади, но и повозрасни, сега умешни и претпазливи возачи. Понекогаш дури и мораат да им отстапат по некој кандидат на своите колеги, затоа што телефоните знаат да им ѕвонат без прекин.
Да жените можат речиси се’ што можат и мажите. Во 21 век ретко која професија може да се квалификува како машка или женска. Жените се претпазливи возачи кои се грижат за безбедноста во сообраќајот. Затоа заборавете си ги предрасудите и симнете капа на овие дами, а нареден пат кога ќе ги забележите низ улиците на Прилеп, бидете џентлмени, имајте трпеливост со нивните кандидати ако се движат побавно пред вас во сообраќајот и отпоздравете ги.
Од нас само едно огромно браво за нивната пожртвуваност да бидат истовремено мајки, да се грижат за домот, да успеат да научат секого и да се справат со секаков карактер, да работат во сообраќај по цели денови, за трпеливоста, пожртвуваноста и успехот кој го постигнуваат.
Браво и за сопствениците на компанијата кои на ваков начин придонесуваат општеството да ни се развива во правилна насока.