Првата заменик-претседателка на СДСМ ја презема оваа функција кога партијата ја „трошеше“ седмата година како опозиција, а заминува од партиското раководство пред истекот на четвртата година од владеењето на социјалдемократите
“Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните.
Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат.
Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно.
Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани.
Да живее СДСМ”, пишува Шекеринска.
Со ваква порака, таа упати честитка до, како што посочи, новите луѓе во раководството, до реизбраните, а посебно до нејзината наследничка на париската функција Сања Лукаревска.
Радмила Шекеринска по осум години повеќе нема да му биде заменичка во партијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој најавува дека нивната соработка и понатаму ќе продолжи.