Шевченко се враќа во Сериа А: Ќе му биде тренер на Горан Пандев

Фудбалерите на Џенова синоќа во првиот натпревар од 12-то коло во Сериа А, ремизираа на гостувањето кај Емполи.

Тоа беше шести нерешен резултат сезонава за клубот во кој настапува нашиот Горан Пандев, а досега имаат само еден триумф и се наоѓаат на 15-то место на табелата.

Медиумите во Италија пишуваат дека клубот одлучил да се раздели со тренерот Давиде Балардини и дека веќе е избран негов наследник на клупата.

Според “Скај Спорт Италија”, Џенова за нов тренер ќе го именува легендарниот Андриј Шевченко.

Се пишува дека Џенова на Шевченко му понудила двогодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

Шевченко ја предводеше селекцијата на Украина, која ја пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, а после турнирот одлучи да ја напушти селекторската позиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.