После петтото коло во Младинската бокс лига кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, прилепскиот боксерски клуб “АС” се зацврсти на водечката позиција на табелата, и со тоа шампионскиот пехар со сигурност доаѓа во Прилеп.
На табелата во пресрет на последното шесто коло, “АС” е лидер со убедлива предност пред претендентите “Хасан Бег” и “Синди”.
Последното коло ќе се одржи престојниот викенд повторно во главниот град, а оттаму прилепските боксери предводени од тренерот Дарко Чатлески ќе се вратат како шампиони.
Ова е огромен успех за прилепскиот бокс и печат на напорната работа на Чатлески со неговите ученици.
Во однос на резултатите од петтото коло, прилепските боксери имаа две победи и еден пораз:
Во категорија на Кадети до 50 кг., Марко Петрески со 3-0 го победи Ебутали Рушев од “Фaмилија Демирови”, а во истата категорија до 80кг. Матеј Чатлески со технички нокаут во прва рунда го победи Тео Тиков од “Пинк Пантер Тим”.
Во деца до 54кг. Теодор Тошевски загуби од Рушан Алими од “Хaсан бег” со 2-1.