Шok за Владата: Oдбиено барањето на Македонцките- Нема учење на македонски јазик во Грција

Македонците бараат, но Грција не дозволува учење на македонски јазик во јавните училишта преку интернет курсеви.

Властите во грчкиот град Едеса- Воден, го отфрлиле барањето за учење на македонскиот јазик во јавните училишта во Грција преку Интернет курсеви.

Грчките медиуми објавуваат дека градот Едеса го отфрли барањето за учење на т.н. „македонски јазик“, во јавните училиште во Грција преку интернет курсеви.

Во текстот на „Греек Сити Тајмс“ се вели дека одлуката ја донесе градскиот совет на Едеса, со анонимно отфрлање на барањето на националистичката про-Скопје група, која бара инклузија на т.н. „Македонски јазик“. Групата, позната како АМКЕ „Крсте Мисирков“, неодамна ја достави својата провокативна петиција до грчкото Министерство за образование и верски прашања во Едеса и повика на примена на клаузула од Договорот од Северес од 1923 година, кој предвидува „обезбедување на средства и можности за настава на други јазици, освен грчкиот, во училиштата за јавно образование.

Инаку, оваа програма ќе се однесува на жителите на Едеса и ќе биде пилот програма. Исто така ќе има ограничен број на учесници, а нејзиото бесплатно спроведување ќе биде овозможено од АМКЕ „Крсте Мисирков“, кое ќе ги покрие сите трошоци- интернет конекцијата, користење на едукативната платформа и потребната опрема, било наведено во петицијата за барање за учење на Македонски јазик во грчкото јавно образование.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.