Фудбалската репрезентација на Македонија дојде до предност во дуелот со Германија (0-1) пред самиот крај на првото полувреме со погодокот на Горан Пандев.
Македонија одигра солидно и рамноправно прво полувреме. Германците повеќе ја имаа топката во посед, но не беа надмоќни над нашите момци.
За Пандев ова беше 37. погодок во дресот на македонската фудбалска репрезентација.