Чулев: Отпочната постапката за признавање на македонските возачки во Австралија

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, објави дека деновиве е отпочната постапка за признавање на македонските возачки дозволи со Комонвелтот на Австралија

„Министерството за внатрешни работи поднесе апликација до Агенцијата задолжена за издавање возачки дозволи во Комонвелтот на Австралија односно агенцијата “Austroads”, која е потврдена од австралиска страна“, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој очекува позитивен одговор од надлежните органи во Австралија во најкус рок, со што на македонската дијаспора во Австралија ќе и се олесни процедурата за замена на возачките дозволи.

Како што пишува министерот, тоа дополнително ќе ги намали трошоците кои произлегуваат од полагањето на испит за стекнување со австралиска возачка дозвола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.