Maнастриската црква Св. Димитрија во село Селце во близина на Прилеп преполна за денешниот празник Ѓурѓовден.
Прилепчани од сите страни денеска беа присутни во манастирот и се помолија за здравје и бериќет.
За манастирските води се верува дека се чудотворни
Четирите чешмички, Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна вода, се верува дека се чудотворни.
Според легендата, некој се разболел и сонил дека треба да дојде да се измие со водичката. Од неа оздравел и ја подигнал Средочна чешма во 1971 година. Се раскажува дека прилепчанка не можела да остане во блажена состојба.
Сонувала дека треба да појде во манстирот и тој ќе и “подари” дете. Срамежливата жена го посетила храмот и родила здраво дете. Вакви случки има многу во манастирот Свети Димитрија.
Овој манастир иако сместен во планина е најблиску до градот, па и во обични денови прилепчани го посетуваат.
Денешниот празник е една од манастирските слави, другата слава е за денот на манастирот, Св. Димитрија – Митровден.