ЧУДО: “Советниците од СДСМ си го изгласаа сопственото неработење и неспособност!? Прилеп се распаѓа?!” (ВИДЕО)

На денешната 18 седница на Советот на Општина Прилеп, советниците од СДС си ја изгласаа својата неажурност, неспособност и своето неработење. Ова денеска го изјави координаторот на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески по завршувањето на седницата.

Изјавата на Ристески ја пренесуваме во целост.

“Имено на оваа седница точка на дневен ред беше кварталниот извештај за работата на локалната самоуправа. И ни беше доставен податок за процентот за реализација на капиталните инвестиции во Општина Прилеп во овие 6 месеци. Тој изнесува катастрофални 11.62%.

Тоа ни покажува дека локалната самоуправа со која раководи градоначалникот Јованоски и СДС абсолутно ништо не работи, многу е далеку од остварување на сите оние мегаломански ветувања пред изборите, а сето тоа со еден збор било лага. Бидејќи во 6 месеци да оствариш процент на капитални инвестиции од само 11%, тоа е несватливо. Укажува на неработење, незнаење и неспособност и ништо друго. Граѓаните на Општина Прилеп буквално се излажани.

Ако се работи, понатаму градоначалникот и локалната самоуправа да работат со оваа динамика, ќе им требаат добри 100 години за да го реализираат сето она што го ветија во предизборието. Гледаме дека кога се работи за интересите на граѓаните остваруваат 11% од ветеното за пола година, а кога се работи за уништување на државата, склучување штетни договори во име на државата, носење двојазичност во Прилеп, промена на уставното име, тогаш се многу способни.

Затоа оваа неспособна и предавничка власт на СДС треба да си замине што поскоро”, истакна координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.