Советски воен пилот, чиј авион бил соборен во борбени операции во Авганистан во 80-тите години и кој би прогласен за исчезнат, пронајден е жив во Авганистан, изјавил раководителот на Сојузот на падобрани на Русија, Валериј Востротин.
“Тој е пронајден жив. Ова е неверојатно. Сега ни е потребна помош, не само финансиска туку и административна, помош од социјалните организации, но и дипломати”, вели тој.
Востротин не сакал да го соопшти името на пилотот, велејќи дека е во прашање доверлива информација.
Според официјалните информации, од 1979 до 1989 година во Авганистан се соборени вкупно 125 советски борени авиони.