ЧУДО ОД ДЕТЕ: Има само 8 години, а веќе студира на факултет! Сака да биде хирург или астронаут

Малиот Белгиец кој има само 8 години, благодарение на својата интелегенција, “малку” порано ќе започне да оди во факултет.

Откако на 6 години го завршил средното школо, Лорен Симонс, доби диплома – онаа која ја добиваат 18-годишници.

Како што велат неговите родители, Лорен има коефициент на интелегенција 145. Овај мал генијалец за локалното радио изјави дека најмногу сака математика затоа што е обемна, а има и статистика, геометрија и сметање.

По распустот од два месеци, Лорен ќе започне на факултет.

Неговиот татко вели дека 8 годишното момче никогаш не сакало да се дружи со врсниците, бидејќи не бил заинтересиран за играње.

Неговата желба е да биде хирург или астронаут, но исто така се интересира и за компјутери.

“Ако утре одлучи да биде стролар, тоа нема да ни претставува проблем, се додека е тој среќен”, вели неговиот татко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.