Чудо од автомобил: Погледнете ја американската верзија на Ферари (ФОТО/ВИДЕО)

Помпезно најавуваниот цела година наназад, новиот Chevrolet Corvette C8 Stingray конечно пристигна, а со него и потполно новата редифинирана концепција за автомобил, која сега подразбира централно поставен V8 мотор.

После повеќедецениската историска концепција околу големиот V8 мотор сместен во долгиот “нос”, новиот Corvette сега се движи кон потполно нов правец, кој воглавно е “резервиран” за чистокрвните суперспортски автомобили. Според бојата и дизајнот овој нов автомобил може да претставува некоја врста на американско Ферари.

Промената на концепцијата била неопходна за Шевролет со моделот Корвета, да може рамноправно да се држи во класата на суперспортски автомобили.

Сега позади кабината се наоѓа атмосферски 6,2-литарски V8 агрегат кој ослободува 502 коњски сили, што и не е некоја цифра во денешниот свет на суперспортски автомобили, но наредните верзии на овој автмобил би требало да достигнат и до 900 коњи. Интересно е тоа што автомобилот е сега за 137 милиметри подолг или вкупно 4630мм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.